Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Крушево домаќин на Европското првенство во параглајдинг: Учествуваат 130 пилоти од 38 земји

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-libraryiv92is2q55pc0GMlyvc
Photo by George Bakos on Unsplash

Крушево е домаќин на Европското првенство во параглајдинг, на кое учествуваат 130 пилоти од 38 земји, а натпреварувањето ќе трае до 19 август.

— реклама —

Главното полетување се одвива од Мечкин Камен, додека слетувањата и завршувањето на натпреварувачките задачи се реализираат на повеќе локации, во зависност од условите за летање.

— реклама —

Организаторите оценуваат дека првенството е потврда за квалитетот на Крушево како меѓународна параглајдинг дестинација, но и можност за дополнително унапредување на инфраструктурата и туристичката понуда.

Во моментов се градат две нови полетувалишта на Црн Врв, со цел да се подобрат условите за параглајдинг и да се создадат дополнителни можности за развој на активниот и авантуристичкиот туризам.

— реклама —

„Со изградбата на новите полетувалишта создаваме услови и во иднина да бидеме домаќини на големи меѓународни настани“, истакна Горан Димишковски, претставник на организацискиот одбор и претседател на Светскиот параглајдинг куп.

— реклама —

По Европското првенство, Крушево ќе биде домаќин и на Светското јуниорско првенство во параглајдинг „Крушево 2026“, кое започнува на 24 август.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-libraryja8cg4ql3j1naxeKqM1

Градоначалникот на Крушево ги демантира тврдењата дека училиштето „Никола Карев“ останало без огревно дрво

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-library3b2ieh6j95qpfsjZuCv

(Видео) По 19-ти пат, маратонците пристигнаа во Крушево во чест на Тоше Проески

Македонија | пред 1 месец

media-librarysa6htgn7o04h2wQoeGC

Започна 19. ултрамаратонот од Нова Градишка во Хрватска до Крушево во чест на Тоше Проески

Македонија | пред 1 месец

media-libraryctfaif6ij7d85USwRoK

Историско Крушево подготвено за Илинден, градот се полни со гости за продолжениот викенд

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања