Три кучиња кои беа отсечени од светот со река лава во ограден напуштен двор, по ерупцијата на вулкан во Ла Палма, ќе бидат спасени со беспилотно летало.
Тие четири недели се во дворот, а дури вчера е добиена дозвола за нивно спасување, пренесува Мирор.
Покриени со вулканска пепел, тие преживеале благодарение на пакетите кои им биле доставени со дрон.
Тешките гасови можат да ги оштетат пропелерите на хеликоптерот, па спасувањето беше невозможно се додека не се одлучи дека ќе се изведува со помош на дрон.
Извршниот директор на Аерокамарас, Хаиме Переира, рече дека планираат да испратат дрон тежок 50 килограми, со голема мрежа, и да ги фатат животните едно по едно, за да ги пренесат 450 метри преку жешката река од лава.
Лицето кое ќе управува со беспилотното летало ќе има само четири минути да го фати кучето и уште четири за безбедно да го пренесе преку лавата.