Фрлани се јајца и искршена е вратата на куќата во Куманово во која се доселија припадници на еврејската група, јавува " target="_blank" rel="noopener">Телма.
Припадниците на еврејската верска заедница Лев Тахор, кои неодамна се населија во Куманово, велат дека веќе не се чувствуваат безбедно. Откако локалните жители почнаа да се собираат пред куќата и да ги исмеваат чудно облечените дојденци, вчера некој им ја откорнал железната врата во дворот и ја мавал куќата со јајца. Најавено беше дека тие ќе си заминат во текот на денот или утре од земјава, и дека тука биле само на поминување.