Кумановец кој живее и работи во Минхен, Германија, награден е со највисоки признанија за храброст во сојузната покраина Баварија, затоа што спасил човек од сигурна смрт. Роберт Пешиќ (38), кој работи како медицинско лице во локална патронажна служба, на раце го изнел Германецот Кристијан додека во неговиот стан беснеел голем пожар, објави sdk.mk.
За овој исклучителен подвиг Роберт е награден со две највисоки државни признанија за храброст, лично од премиерот на Баварија Маркус Содер.