И овие последни денови од оваа година, под мотото „КУПЕТЕ НОВОГОДИШЕН УКРАС, А НЕ ПЕТАРДИ!!!“,продолжува хуманитарната новогодишна акција на Црвен крст Охрид при која се продаваат уникатниновогодишни креации, рачно изработени од страна на волонтерите на Црвен крст Охрид од сите возрасти.
Новогодишните украси ќе бидат изложени и достапни на сите наши сограѓани и гости денес 29.12.2018 г.(сабота) и утре 30.12.2018 (недела) на Градскиот плоштад Св.Климент Охридски од 12:00-14:00 ч., а можностда ја искажат својата хуманост со купувањето на новогодишните креации на Црвен крст Охрид ќе имаат ипосетителите на музичкиот концерт на групата Камелеон во сабота, во 19 ч. во Центарот за култура ГригорПрличев. Декември е месец на дарување.
Бидете хумани и дарувајте. Волонтерите од Клубот на млади при Црвен крст Охрид и од Програмата на грижа за стари лица ве очекуваат. Средставата собрани од хуманитарната продажна акција ќе бидат наменети за купување на Новогодишнипакетчиња за децата од социјално загрозените семејства.