Промени тема
Контакт

Купил пиштол од Скопје, го викнал на кафе и го убил во Штип - планот го знаеле уште три лица ама не реагирале - поднесено обвинение за убиството

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 11 месец -

Македонија
media-library5i8t2fenk4a4f00fUY0

Основното јавно обвинителство Штип поднесе обвинителен акт против пет турски државјани осомничени за убиството на Енес Оздемир, кое се случи во мај годинава.

Еден од нив се товари за директно извршување на кривичното дело „убиство“ и за неовластено поседување оружје, додека тројца обвинети ќе одговараат за помагање при извршување на делото. Петтата обвинета, пак, се товари за помагање на сторителот по извршување на тешкото кривично дело.

— реклама —

Според обвинението, првообвинетиот, 21-годишен турски државјанин без регулиран престој во Македонија, на почетокот на мај во Скопје нелегално купил полуавтоматски пиштол марка „FEG“, калибар 9 мм, со избришани ознаки. На 8 мај преку мобилна апликација се договорил да се сретне со жртвата во кафе-бар во центарот на Штип. По краток разговор, обвинетиот извадил пиштол и испукал неколку куршуми, нанесувајќи му шест прострелни повреди на Оздемир, од кои починал.

— реклама —

Тројцата сообвинети, иако знаеле за намерата на извршителот, му обезбедиле сместување, логистика и превоз до Штип, а му помогнале и во набавката на оружјето. По убиството, сите заедно се обиделе да се вратат во Скопје, при што петтата обвинета со свој автомобил се обидела да му овозможи бегство на убијцата, кој излегол од возилото пред патарината „Миладиновци“. Таму подоцна бил фатен и приведен од полицијата. Останатите четворица биле запрени на патарината и лишени од слобода.

— реклама —

Обвинителството побара продолжување на мерката притвор за четворица обвинети, додека за петтата остануваат претходно определените мерки на претпазливост.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarya656tm8v26ru3PL5D60

Синот на познат режисер нема да добие смртна казна за убиството на своите родители

Свет | пред 3 дена

— реклама —
media-libraryml8o7diat41g5EMuESm

Убиство во Скопје: 25-годишник застрелан со повеќе куршуми, починал во болница

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryj41dl1vvqdtl6DdkcnF

Македонка осудена на осум години затвор во Австралија: Ја задушила 85-годишната соседка и го фрлила телото во река

Македонија | пред 4 седмици

media-librarybsattomtnk671tEAmvW

ТикТок инфлуенсерка убиена од сопругот откако јавно го обвини дека е педофил

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања