Кузеска: Расте извозот, растат платите, економските политики на СДСМ се успешни и даваат резултати

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија

По надминување на коронакризата, македонската економија денес е стабилна, развојна и се движи во добар правец. Доказ за тоа се официјалните економски показатели. Според последните податоци од Државниот завод за статистика, во првите пет месеци од оваа година, јануари – мај, бележиме раст на извозот од 58,2 отсто во однос на истиот период лани, истакна Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

— реклама —

— реклама —

Кузеска додаде:

— реклама —

Покрај растот на извозот, бележиме и раст на индустриското производството, раст на просечната плата и пад на стапката на невработеност.

Имаме историска стапка на невработеност од 16 отсто, а просечната плата за април 2021 година е за 10 отсто поголема во однос на истиот месец од 2020 година.

Сето ова се показатели кои говорат за успешноста на економските мерки на Владата предводена од СДСМ.

Како одговорна партија, постојано сме посветени на мерки и политики кои го унапредуваат животниот стандард на граѓаните и придонесуваат за засилен економски развој.

Продолжуваме да работиме одговорно, во интерес на граѓаните, во интерес на домашната економија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања