Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Кузеска: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски денеска го слават насилството и режимот, бранат насилници од 27 април

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
09-02-2021-Kuzeska

Денеска ВМРО-ДПМНЕ повторно се враќа на местото на злосторот, денеска ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски повторно протестира за одбрана на насилството. Старо ВМРО-ДПМНЕ, стара песна остатоци од мрачното минато денеска излегоа на улица, го славеа насилството и режимот со истата хушкачка реторика, со истата насилничка кореографија од пред четири години и со прекршување на протоколите за заштита од ковид 19, истакна Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

— реклама —

Кузеска додаде:

— реклама —

Христијан Мицкоски, Јанко Бачев, Димитар Апасиев, инсталациите на Никола Груевски денеска застанаа зад насилството, зад осудените лица кои упаднаа во Собрането на 27 за да спречат транзиција на власта и да ја погазат волјата на народот.

На 27 април 2017 на крвавиот четврток, вооружени насилници упаднаа во Собранието и се обидоа да убијат пратеници, новинари и вработени во собраниските служби, тоа го виде целата домашна и меѓународна јавност.

Крвави глави, тепани пратениците, под закана новинари, претепани пратеници кои завршија во кома, тоа се нечовечки дела на насилници. Насилници не се уставобранители и никогаш нема да бидат.

Денеска, Мицкоски кој и самиот беше дел од толпата пред Собранието на крвавиот четврток, застана токму зад овие осудени насилници, застана на браникот на криминалот и насилството.

Поддржан од неговите соработници и извршители, Апасив и Бачев, Мицкоски ги реализира нарачките од неговиот ментор во Будимпешта, Никола Груевски.

Единствена цел на Мицкоски е да ги одбрани криминалите во редовите на неговата партија и неговиот шеф Груевски.

Мицкоски е остаток од режимското минато, потрчко на Груевски и Мијалков кој работи на штета на граѓаните и државата, но криминалот нема да го одбрани. Одговорност за сите криминали, вклучително и за организаторите на крвавиот четврток мора да има и ќе има.

видео: СДСМ

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања