Промени тема
Контакт

Лага е дека итната помош ќе се приватизира, тврди Михаиловска

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија

Денеска во собраниска процедура се измените на Законот за здравствена заштита. За жал од ВМРО-ДПМНЕ и Левица повторно гледаме деструктивност и неодговорност. Овие две партии повторно го блокираат законот кој е во интерес на граѓаните и здравствената фела; на прес-конференција обвини пратеничката на СДСМ, Соња Михаиловска.

Таа рече дека е лага дека брзата помош се приватизира во јавните здравствени установи.

— реклама —

„ Со овој закон се овозможува граѓаните во руралните средини да имаат достапна и постојана здравствена заштита. Измените на Законот за здравствена заштита во делот со Итна медицинска помош ќе овозможат зголемување на ресурсите на Брзата Помош како и законско регулирање на услугата која со години наназад ја дават приватните здравствени установи.

Законската измена не ги изложува граѓаните на дополнителни финансиски трошоци, туку напротив амбулантните возила на итната медицинска помош на Приватните здравствени установи ќе им бидат ставени на располагање на граѓаните, односно Итната помош на приватните болници, граѓаните ќе може да ја користат бесплатно“ рече Михаиловска.

Таа посочи дека опозицијата Итната Помош ја оставила со само 5 возила, а лекарите ги довела на раб на егзистенција па затоа и се случил голем одлив на кадри надвор од земјата.

— реклама —

„ За овој изминат период освен што оваа влада вложува во опрема, реконструкција на здравствени установи после 70 години, вложува и во медицинскиот кадар. Платите на лекарите ги зголемивме за 40%, а со дежурствата истите се дуплираат. За сето време ВМРО-ДПМНЕ со помош на Левица блокираат закони кои се во интерес на граѓаните и здравствените работници, меѓу кои и овој Закон за здравствена заштита.

Дали блокадите на Левица и ВМРО-ДПМНЕ се со цел да го заштитат монополот на приватните болници? Тоа треба да го одговорат пратениците на овие партии.

— реклама —

Ние сме изненадени и зошто се коментира за трансплантација која предходно амандмански е повлечена“ порача пратеничката на СДСМ.

Таа додаде дека за појаснување за измените на Законот ќе се одржи јавна расправа која ја предлага пратеничката група на СДСМ и ДУИ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања