Лага е дека најголем дел од хоспитализираните на Инфективна имаат примено две дози вакцина, реагираат од Министерството за здравство

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
filipce-venko

Министерството за здравство категорично ја демантира информацијата објавена во вестите на „телевизија 24“ дека на Инфективна клиника најголем број од хоспитализираните пацинети биле со примени две дози вакцина.

— реклама —

„Новинарката оваа невистинита информација ја потенцираше како „важна“ што предизвика серија реакции во јавноста. Жалиме што оваа информација денеска не беше проверена во Министерството за здравство, ниту пак во КИБФС. Министерството за здравство тврди дека на Инфективната клиника во моментов се хоспитализирани 94 пациенти и само околу 10 % се вакцинирани со две дози вакцини и истите се со полесна клиничка слика.

— реклама —

Министерството за здравство стои на располагање на сите медиуми секој ден во тек на 24 часа и апелира сите информации да ги проверуваат и да ја информираат јавноста вистинито и точно. Министерството за здравство бара телевизија 24 да се извини и да ја повлече информацијата што денеска беше пласирана во вестите во 17 часот.

— реклама —

Апелираме дека ваквите невистинити информации ја доведуваат јавноста во заблуда и создаваат уште поголем страв и паника кај граѓаните кои се уште имаат недоумица за вакцините. Процесот на имунизација е многу важен, а медиумите се наш сојузник во борба со ковид пандемијата. Ја поддржуваме слободната мисла, критичкото и истражувачко новинарство но истото очекувано е да се темели на релевантни податоци и точни информации, бидејќи граѓаните тоа го заслужуваат“, стои во демантот на МЗ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања