Промени тема
Контакт

ЛАГА: Во ниту еден закон не се предвидува “родител 1” и “родител 2”, наместо “мајка” и “татко”

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Коментари
parenting-trends-2018-2

За сите „загрижени“ и уште повеќе за сите „расположени за шега“ родители под редни броеви, чујте и почујте:

1. Муабетот со „родител 1“ и „родител 2“ наместо „мајка“ и „татко“ доаѓа од Франција, каде што пред две недели беше усвоен закон со кој (читај внимателно) - во документите за евиденција во школите каде што ги пишува основните податоци за децата, по името и презимето на детето нема да стои „татко: тој и тој“ и „мајка: таа и таа“, туку „родител 1“ и „родител 2“. Објаснето е и таму дека тоа не е исфрлање или забрана на термините „мајка“ и „татко“, туку нивна замена со неутрални термини во документите за евиденција и само таму. Бидејќи родителите се еднакви меѓу себе, а и семејствата се еднакви меѓу себе без разлика од колку и какви членови се составени, било одлучено дека нема потреба да се даваат родови улоги во официјални документи во образованието. Надвор од тоа, нормално дека ќе си продолжат да постојат и мајки и татковци, вклучително и во образовните материјали.

— реклама —

[embed]https://www.facebook.com/1050673868/posts/10216718841617340?sfns=mo[/embed]

— реклама —

2. Во Македонија и онака тоа одамна не постои, туку се пишува „име, име на еден од родителите, и презиме“, значи веќе имаме родова неутралност во таа евиденција, па гледам не се претворивме во „едниот родител“ и „другиот родител“, уште сме мајки и татковци.

— реклама —

3. Во ниеден предложен или донесен закон или друга одлука не се предвидува замена на термините „мајка“ и „татко“ со „родител 1“ и „родител 2“. Тоа е теза што како прашање „дали ќе се случи“ ја постави политичка партија што е против предлог-законот за заштита од дискриминација, а ја раширија портали што и се наклонети на таа партија со манипулативни наслови од кои се добива впечаток дека тоа е готово донесено решение, а не „сомнеж“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 4 години

— реклама —
bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 7 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања