Промени тема
Контакт

Лагите на ВМРО-ДПМНЕ се поразени, велат од СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
vmro-dpmne-sediste1

Срам е да го лажеш народот дека имаш мнозинство а во исто време да се покаже дека немаш, вели СДСМ.

„Срам е да излезеш со тешко лажно обвинување, да лажеш дека е киднапиран пратеник, во исто време кога пратеникот изјавува дека е под закана од поединци токму од опозицијата.

Таа вистина сигурни сме дека ќе се потврди овие денови.

— реклама —
Срам е да велиш дека некој манипулира а во исто време со недели да ја манипулираш јавноста.

Срам е да седиш на иста маса со оние кои се против НАТО и ЕУ, против концептот едно општество, против правдата, а во исто време друг да ти биде виновен за тојот неуспех.

Срам е да велиш дека се црни денови за македонската демократија а не се извиниш за сите лаги и да поднесеш оставка.

— реклама —

Оние кои со меници држеа пратеници денеска полна им е устата со лаги и нови закани. Е тоа е срам.

Заканите на ВМРО-ДПМНЕ се показател за нивниот дебакл, за поразот на нивните лаги, за поразот на сите нивни невистини, манипулации...

— реклама —

Хритијан Мицкоски, Зијадин Села, и Билал Касами, треба да излезат пред граѓаните, да им се извинат и да понесат одговорност.

Граѓаните да бидат спокојни, СДСМ, заедно со сите демократски сили и пратеници ќе обезбеди стабилност и продолжување на напредокот на земјата“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања