Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

„Лајка“ добива нови капацитети и современи услови

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Скопје
121546365_2638640743132118_524148423271260728_o-960x480-1

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, најавува проширување на капацитетите на ЈП Лајка, оценувајќи дека конечно започнува хумано, одговорно и системско решавање на проблемот со бездомните кучиња во главниот град.

— реклама —

Ѓорѓиевски посочува дека во минатото „Лајка“ била користена за партиски вработувања, додека суштинскиот проблем со бездомните животни со години бил игнориран. Според него, последиците од таквиот пристап ги чувствуваат и граѓаните и самите животни, кои остануваат без соодветна заштита, услови и грижа.

Тој информира дека во рамки на програмата на Градот се обезбедени 30 милиони денари за сериозно проширување на капацитетите на претпријатието и за создавање современи и хумани услови за згрижување на бездомните кучиња. Како што нагласува, ова претставува суштинска промена која треба да донесе видливи и трајни резултати.

— реклама —

Градоначалникот признава дека забелешките на граѓаните се оправдани, нагласувајќи дека проблемот со години се зголемува наместо да се решава. Токму затоа, според него, сега се пристапува сериозно, одговорно и со јасна визија за негово надминување.

— реклама —

Истовремено, Ѓорѓиевски порачува дека нема да се дозволи Скопје да стане депонија за бездомни кучиња од други градови. Прашањето за нивно носење во главниот град, како што вели, веќе е отворено со надлежните институции, а со воведувањето на системот „Безбеден град“ ќе се откриваат и санкционираат сите кои несовесно ги префрлаат животните во Скопје.

Тој апелира до граѓаните активно да соработуваат и да пријавуваат вакви појави, истакнувајќи дека само со заедничка акција може да се воспостави ред и функционален систем. Според најавите, во наредниот период започнува конкретна постапка за проширување на капацитетите на „Лајка“, со што ќе се обезбедат простор, ветеринарна грижа и достоинствен третман за бездомните кучиња.

„Тие се живи суштества кои заслужуваат заштита и шанса за подобар живот“, порачува Ѓорѓиевски, нагласувајќи дека проблемот со бездомните кучиња ќе се решава со работа, инвестиции, ред и вистинска грижа, а не со празни ветувања.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

nova-godina-skopje

Елка од 13 метри, огромен подарок и стотици светлечки украси: Скопје за Нова година ќе биде украсено до 15 декември

Скопје | пред 3 дена

— реклама —
media-library9j8fft04sbtj2zgDmXO

Од март директни летови од Дубаи до Скопје трипати неделно

Македонија | пред 1 седмица

media-library5kaad709soclbS56NZz

По долгогодишна запуштеност, повторно се отвораат градските цвеќарници во Скопје

Скопје | пред 2 седмици

media-library6pfv0i87ni0ncRn4li1

Скопје девет дена ќе биде европски центар на танцот - Започна IDO European Dance Championship 2026

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања