Лани изградени 3.844 станови, само во Аеродром 1.120 од нив

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
zgradi-1

Во текот на 2022 година завршена била изградбата на 3.844 станови, од кои 3.714 се во индивидуална сопственост, објави Државниот завод за статистика.

— реклама —

Повеќе од половината од становите се во Скопскиот регион (2.107), додека во одредени градови и региони речиси и воопшто да не се градело. Во Полошкиот регион за една година, лани, биле изградени само 87 станови, од кои 67 се во Маврово и Ростуше. Во Тетово завршена била изградбата на само три стана.

— реклама —

Демир Хисар, Крушево, Ресен, Дебар, Кратово, Арачиново, Сарај и Шуто Оризари се дел од општините каде што лани не била завршена изградбата на ниту еден стан.

— реклама —

Во Скопје најмногу станови се завршени во Општина Аеродром – од вкупната бројка на изградени станови во Скопскиот регион, 2.107, само во Аеродром биле изградени 1.120 станови. Потоа следи Гази Баба со 336, 218 во Центар, 175 во Ѓорче Петров, 131 во Бутел, 105 во Карпош и 14 завршени станови во Кисела Вода.

Според Државниот завод за статистика, просечната корисна површина на завршените станови е 66,9 квадратни метри.

Проценката на ДЗС е дека во 2022 година деловните субјекти кои се занимаваат со градежна дејност извршиле градежни работи во вредност од 30.768.214 денари или половина милион евра. Од нив, 14.662.217 денари или околу 240 илјади евра се за објекти во индивидуална сопственост.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања