Промени тема
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

Лашкоска: Ваков хемиски опасен отпад има и во други институции

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 15 часа -

Македонија
media-librarybsni9t0irmud8VSWPjH

Заменик министерката Ане Лашкоска изјави дека процесот за отстранување на хемискиот отпад во Институтот за јавно здравје започнал пред околу една година и денес е успешно завршен. Таа предупреди дека ваков опасен отпад може да има и во други државни институции и повика акцијата да биде пример за правилно управување. Се очекува во наредните денови да заврши чистењето на просториите и да се подигнат околу 10 тони отпад.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Заменик министерката за животна средина и просторно планирање, Ане Лашкоска, денеска изјави дека процесот на отрстранување на хемискиот отпад во ИЈЗ е започнат пред околу една година, а денеска е успешно завршен. Таа нагласи дека вакви хемикалии можат да се најдат и во други државни институции и дека оваа акција треба да послужи како пример за правилно управување и отстранување на опасниот отпад низ целата држава.

— реклама —

„Никој не се потрудил да се погрижи за нив, да ги отстрани, иако секој човек може да отвори, да прочита дека тие се голема опасност и за здравјето, и за животот на сите граѓани, особено за тие кои работат овде во овој круг и живеат во овој круг. За голема среќа, постоеше голема иницијативност од страна на директорката на Институтот за јавно здравје и нејзина посветеност да го решиме овој проблем.

Јас би сакала решавањето на овој проблем да биде една иницијатива за оние институции коишто сигурна сум дека во своите простори имаат вакви хемикалии, односно ваков хемиски опасен отпад. Нека биде еден пример дека треба тој хемиски отпад да се отстрани. Не верувам дека е во толкави количини какви коишто ги затекнавме овде, меѓутоа, сигурна сум дека го има и во други институции. Има начин и мора да почнеме да се справуваме и со хемискиот отпад, како што и со другиот вид отпад коишто го имаме во државата.

— реклама —

За жал од она што стручните служби ми го кажаа, очекуваме за неколку дена да биде завршено чистењето тука во просториите на ИЈЗ и се очекува да биде подигнат отпад од околу 10 тони“, вели Лашкоска.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања