Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Ласовска: Количината на запленет кокаин е далеку поголема од она што го правело МВР во време на СДС

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Македонија
media-librarylra1vojmin303SLYA67

Благица Ласовска, пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница во Собранието најнапред истакна дека во самата интерпелација наместо да бидат изнесени факти и бројки, во истата се содржани лични навреди и претпоставки, како и обид за лична дискредитација на министерот при што се замешани и делови од неговото семејство. Ласовска во продолжение образложи дека интерпелацијата за министерот Тошковски не е основана и истата не треба да биде прифатена т.е. Тошковски треба да остане министер за внатрешни работи.

„Прво од начинот на којшто го определив по важност и по ингеренции на Министерството за внатрешни работи, е безбедноста на границите, се разбира заедно со Армијата на Република Македонија. Безбедност и обезбедување на поголема и поефикасна мобилност на границите, сметам дека тоа е навистина добра работа, One stop shop со Србија, Косово, но не на начин на којшто претходната влада ги направи, па имате две граници, практично две кабини да поминете, туку навистина еден One stop shop. Во тек е со Албанија, а во напредна фаза е и преминот кај Маркова нога, се сеќавате на оној премин кај Маркова нога на којашто се сликаа и Димитров и Заев, ама тоа време очигледно некој го заборавил“, рече Ласовска.

Пратеничката Ласовска ја спомена и борбата со криумчарење на мигранти и истакна дека се сузбиени три групи организирани за криумчарење на мигранти, како и фактот дека е сузбиена и терористичка организација што е особено важно како што вели таа, во контекст на глобалната политика во којашто живее светот, па и Република Македонија денес, а некој тоа го толкува како неуспех.

„Сузбиена е терористичка организација која била со основна идеолошка матрица на терористичката организација ИСИС со намера на изведување на терористички акти на јавни објекти во Република Македонија и за некого очигледно тоа не е успех. Сузбиена е 12 члена криминална група за кривични дела од областа на недозволена трговија со оружје и дрога. Во однос на безбедноста на државата се познава таа разлика за ова двегодишно владеење дека граѓаните се чувствуваат побезбедни и посигурни. Сузбиени се вкупно 16 организирани криминални групи“, рече Ласовска и додаде:

— реклама —

„Јас ќе потсетам на познатите Беланоца, бандите од Грчец и расчистувањата на убиствата. Ова не значи дека тие не постојат и ова не значи дека не треба да има поттик Министерството за внатрешни работи и службите сè уште да работат на ваквите разоткривања и лишување од слобода на бандите коишто ги има во Република Македонија. Потоа запленета е дрога од 40 тони марихуана, а пак кокаин запленет, е многу далеку поголема колична од она што е од време на претходната влада. И сега прашањето е, му пречи ли ова на некој што еве се расчистува со дрогата, се запленува дрогата итн. “

Ласовска посочи дека сите сме сведоци за рациите за точење на алкохол на малолетници кои се одвиваат на целата територија на државата, како и фактот дека се регистрирани 315 кривични дела на насилство, а преземени се постапки за против 623 лица што како што вели Ласовска нема споредба со минатите години.

„Сејф Сити се реализира после 10 години, 20 жртви помалку во споредба со минатата година и како што кажавме секој еден живот е важен. Опремување со возила, 120 возила купени после 10 години, после 26 години се отвара Полициската академија, континуирано подмладување на кадарот во Министерството за внатрешни работи и нема сцени како што во минатото гледавме за вадење на пасоши. Во минатото сите белосветски апаши, криминалци, убијци, некакви си конзули коишто соработуваа со некакви тајни служби против државата, им беше издаван пасош од Република Македонија. Но тие сцени сега повеќе ги нема“, истакна Ласовска.

— реклама —

Ласовска посочи дека Центарот за обука на Министерството за внатрешни работи ќе се прошири за дополнителни 10 и пол хектари, каде што ќе се наоѓаат терените за тактичка обука и спорт, новото стрелиште како и новиот објект за средното полициско училиште.

„Во соработка со стратешки партнери, од буџетски финансиски средства и од донации, се разбира ќе се доизградат и останатите полициски станици. Некаде чинам мислам дека околу 10 полициски станици се реновирани и обновени“, рече Ласовска.

— реклама —

Пратеничката Ласовска на крајот го изнесе и нејзиниот став од којшто не отстапува и денес, а тоа е дека секој што сторил криминал ќе одговара без разлика од која политичка партија доаѓа и без разлика на неговата етничка припадност.

„Но би требало да не ги мешаме надлежностите на Министерството за внатрешни работи и надлежностите на Јавното обвинителство и Обвинителството за организиран криминал. Дали сме задоволни со процесуирањето на ваквите постапки? Секако дека не сме и очекуваме многу повеќе“, заврши Ласовска.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryvk217dv738irbHcTy1y

ВМРО-ДПМНЕ: „Монтираниот случај на Венко Заев и Ленче Ристоска од поранешното СЈО кон ВМРО-ДПМНЕ конечно падна и правдата е задоволена“

Македонија | пред 1 час

media-library6bkvhag5ntlv2sxeZLs

„5,4 милиони евра финансиска „Поддршка за креирање на нови работни места“, втор повик од Оперативниот план за вработување 2026“, вели Кузманоска

Македонија | пред 1 ден

media-libraryhrbtko6edop09F7H2DW

(Видео) Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

Македонија | пред 1 ден

media-librarycict5j7719rp1mmFsjG

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ, ДУИ и Левица свесно го блокираат новиот Изборен законик

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања