Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Лавинска опасност од степен 4 на Пирин

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Свет
media-library2a7mqv5osjjl9nUl3HE

На планината Пирин во Бугарија, на надморска височина од 2500 метри, наврнаа 35 сантиметри снег, а на поединечни места дебелината достигнува 50 до 60 сантиметри.

Експертите од „Аваланш Бугарија“, кои ја следат состојбата на Пирин над Банско, предупредуваат на формирање на снежни плочи и акумулации на сите изложени површини во алпскиот и преодниот појас. Тие информираа дека постои голема веројатност за појава на лавини.

— реклама —

Особено опасно е на патеката помеѓу планинарските колиби Бандерица и Вихрен, каде високата влажност и намалената видливост дополнително ја отежнуваат ситуацијата за движење.

За денес е утврдено ниво на лавинска опасност од 4 степен во алпскиот појас, 3 степен во преодниот и 2 степен во шумскиот појас, при што се очекува овие нивоа да се задржат до 16:30 часот.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања