Промени тема
Контакт

Лавров: Да сакаа САД мир, војната во Украина веќе ќе беше завршена

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Свет
moskva-na

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, изјави дека бил изненаден од оценката на американскиот државен секретар Марко Рубио дека Русија не е подготвена на компромиси во преговорите со Украина.

Лавров посочи дека Москва ги прифатила предлозите на американскиот претседател Доналд Трамп за првични чекори кои би овозможиле прекин на непријателствата и почеток на мировни преговори.

— реклама —

„Ме изненади што Марко Рубио изјави дека шансите за завршување на конфликтот оваа година не се големи затоа што страните, особено Русија, не се подготвени на отстапки“, рече Лавров.

Тој оцени дека изјавите на Рубио покажуваат оти американскиот пристап кон решавањето на конфликтот суштински не се разликува од европскиот, додавајќи дека европските земји се обидуваат да го продолжат конфликтот во Украина за да задржат влијание во регионот.

— реклама —

Според Лавров, доколку Вашингтон навистина бил посветен на мировна иницијатива, воените дејствија одамна би биле запрени.

— реклама —

Рубио претходно изјави дека ниту Русија ниту Украина сè уште не се подготвени на неопходните отстапки за постигнување мировен договор, при што оцени дека руската страна покажува најмалку подготвеност за компромис.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarye6hgr1vdr62v2HCTTSh

Лавров: САД се виновни што војната во Украина трае уште една година

Свет | пред 1 седмица

— реклама —
lavrov

Лавров: „Мерц всушност ни објавува војна, ова е почеток на вистинска војна“

Свет | пред 2 седмици

sergej-lavrov

„Мерц ни објавува војна“, вели Лавров

Свет | пред 2 седмици

media-librarykbl21aemkolfd6F606X

Лавров до Рубио: Неприфатливо е САД да продолжат да испраќаат оружје за Украина

Свет | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања