„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Лавров: САД насила ја туркаат Македонија во НАТО

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Свет
lavrov

САД се мешаат во внатрешните работи на Македонија со туркањето на договорот за името со цел да го забрзаат нејзиното членство во НАТО, обвинува шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров во интервју за грчки весник, објави dw.com.

— реклама —

Русија и натаму отворено се спротивставува на Преспанскиот договор и на влезот на Македонија во НАТО. Во екот на посетата на грчкиот премиер Алексис Ципрас на Москва, шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров во денешното интервју за весникот „Ефимерида“ оценува дека САД насила ја туркаат Македонија во воено-безбедносната Алијанса.

„Очигледно е дека постои неконтролирана и континуирана интервенција на САД и ЕУ во внатрешните работи на Македонија“, вели Лавров.

— реклама —

Претходно, Вашингтон во неколку наврати ја обвинуваше Москва за ширење на „негативно влијание“ во Македонија и во други земји од Западниот Балкан, во обид да ги спречи нивните аспирации за евро-атлантска интеграција.

Лавров во интервјуто обвинува дека мнозинството за уставните измени поврзани со Преспанскиот договор во Македонија било постигнато со „уцени и поткуп на пратеници“ во што бил вмешан и амбасадорот на САД во земјата.

„Треба да се напомене дека ова брзање служи само на целта на Вашингтон за насилна интеграција на Скопје во НАТО“, вели Лавров.

извор:dw.com

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања