Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Лажна тревога во Полска: Војската се крена поради јато птици

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Свет
media-library7t5p8jhrc2l37GWY2KW
Илустрација

Сомнежот за повреда на полскиот воздушен простор од правец на Белорусија, поради што во неделата беше активирана војската, се покажа како лажна тревога. Полските власти потврдија дека радарските системи регистрирале големо јато птици, а не непријателско летало, објави „Ројтерс“.

— реклама —

По 12 часот полската војска подигнала хеликоптери со задача да ги проверат радарските податоци кои укажувале на можно навлегување во воздушниот простор на земјата.

— реклама —
— реклама —

Подоцна, Оперативната команда на полските вооружени сили објави дека радарските записи не се поврзани со нарушување на воздушниот простор. Според нив, системите за надзор регистрирале прелет на големо јато птици.

— реклама —

Поради воената активност накратко биле прекинати и летовите на аеродромот во Жешов, на југоистокот на Полска. Полската агенција за контрола на воздушниот сообраќај (PANSA) подоцна потврди дека аеродромот продолжил со редовното работење.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-libraryisdhphtbp0ojdNcrdPB

(Видео) Сомнежи за пад на руски проектил или дрон на полска територија, во близина на границата со Украина

Свет | пред 3 дена

— реклама —
media-library53eflh1375o2b9CigKz

Полска спречила наводен руски план за напад со цел вината да ѝ биде префрлена на Украина

Свет | пред 5 дена

media-library4chc1t459rj0cEsBB5B

Миса за напаѓачот кој уби шест лица во Краков предизвика бурни реакции во Полска

Свет | пред 6 дена

media-library8i0j539r5hcjfKhbqAH

Полска приведе тројца тинејџери осомничени за подготовка на терористички напад

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања