„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

Лажни ковид тестови се продаваат во Тетово

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
koronavirus-korona-kovid-test

Откако многу земји во светот ги условија патувањата со негативен тест за ковид-19, за приватна лабораторија во Тетово дојдоа „петте минути“, пишува „Шкипмедија“.

— реклама —

Во лабораторијата чии сертификати се меѓународно прифатени, јавна тајна е дека безмалку една година може да платите одредена сума евра и да го направите „негативниот тест“ без воопшто да ви биде направен тест.

Порталот тврди дека илјадници албански емигранти летово го купиле тестот и ги наполниле болниците во Швајцарија, Германија, Италија, Данска итн.

— реклама —

„Сето ова никогаш немаше да биде возможно доколку во ова злосторство не беше вклучена приватна лабораторија од Тетово, чие име ќе биде објавено од надлежните институции доколку ја започнат истрагата, но веруваме дека секој во Тетово знае која е таа. Полицијата, обвинителите, сите надлежни знаат за тоа“,  пишува „Шкипмедија“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања