Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Лажно се претставил како доктор и ѝ зел 150.000 денари: скопјанка наседна на измама

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Македонија
telefon-1

Седумдесет и седумгодишна жена од Скопје била жртва на телефонска измама, при што била оштетена за 150.000 денари, информираат од Министерството за внатрешни работи.

— реклама —

Како што соопштуваат од МВР, на 19 декември 2025 година во 13:40 часот во СВР Скопје, оштетената пријавила дека истиот ден била измамена од машко лице кое телефонски ја контактирало, претставувајќи се како доктор.

— реклама —

Според пријавеното, лицето ѝ соопштило дека нејзината ќерка наводно паднала и се повредила додека ги шетала кучињата и дека итно било потребно да се изврши операција, за што требало да се обезбедат пари. Измамникот ја убедил жената да ги остави парите на договорено место.

— реклама —

Откако подоцна се слушнала со својата ќерка и утврдила дека таа е добро и дека не била повредена, жената сфатила дека станува збор за измама и го пријавила случајот во полиција.

— реклама —

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и апелираат граѓаните, особено повозрасните лица, да бидат внимателни и да не наседнуваат на ваков тип измами.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryl83rfetao1pedcgre47

Скопјанец приведен во Битола, возел без возачка дозвола

Македонија | пред 1 час

media-library361ic5plrg5k889hIIq

Приведени две лица во Прилеп поради пронајдена прашкаста материја

Македонија | пред 1 час

media-librarysasrcqetedop2jWM3rs

Маж ја нападнал сопругата и ја избркал од дома заедно со трите малолетни деца

Македонија | пред 1 час

media-librarygudonvs5m446bL7QT8B

Сува трева и дел од куќа изгореле во пожар во Нераште

Македонија | пред 1 час

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања