Промени тема
Контакт

Лажно се претставил како инспектор и измамил велешанец

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
media-library37s0fjk665nb39UZPfh
Скопје1.мк

Шеесетгодишен жител на Велес пријавил дека бил измамен за сума од 12.400 денари од лице кое се претставило како полициски инспектор од Скопје.

— реклама —

Како што информира МВР, случајот бил пријавен на 1 април во 14:10 часот во СВР Велес, а според пријавеното, оштетениот го запознал лицето во декември 2025 година во Велес.

— реклама —

Лицето побарало од него да подигне пакет со брендирана облека од друго лице, за кое тврдело дека е негов колега инспектор од Неготино, и за пакетот да плати 200 евра, со уверување дека парите ќе му бидат вратени.

На договореното место, наместо со наводниот инспектор од Неготино, оштетениот се сретнал со лицето од Скопје, кое го довело во заблуда, му го предало пакетот и ги земало парите.

— реклама —

Според пријавата, истото лице во два наврати го измамило и неговиот син, по што прекинало секаква комуникација со нив.

Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryfkg0fo0jp1uq8LEg4mR

МВР лиши од слобода 14 возачи, 12 од нив возеле без возачка дозвола

Македонија | пред 1 час

— реклама —
media-libraryiesp8hmvsuhqe4TzE9J

Пронајдени девет мигранти кај Гевгелија, уапсени двајца осомничени за криумчарење

Македонија | пред 1 час

media-library22ehvslmdm22arH0l94

Поштар од Штип не доставил писмо до вработена во Министерството за образование, се потпишал во нејзино име, следува кривична пријава

Македонија | пред 1 час

media-library647l7lo03jap8OvnkYt

Мотоцикл удрил во дива свиња кај Гевгелија, тешко повредени возачот и сопатничката

Македонија | пред 2 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања