Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Лажно уверение за обука: СВР Тетово гони две лица за фалсификување и несовесно работење

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Македонија
dokumenti

Секторот за внатрешни работи Тетово, во рамки на Министерство за внатрешни работи, поднесе кривична пријава против П.Т. (62) и А.Г. (56), двајцата од Тетово, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривични дела „фалсификување службена исправа“ и „несовесно работење во службата“.

— реклама —

Според информациите од СВР Тетово, првопријавениот изготвил уверение за извршена обука за безбедност и здравје при работа на лице кое, според официјалните списоци за присутност, воопшто не учествувало на обуката. Обуката била спроведена истиот ден за вработени во Јавното претпријатие за државни патишта, каде што било вработено лицето за кое било издадено спорното уверение.

— реклама —
— реклама —

Второпријавениот, кој бил во својство на управител на Центарот за безбедност и здравје при работа Тетово, пропуштил должен надзор и несовесно постапил при извршување на службените обврски. Тој го потпишал уверението и овозможил истото да стане употребливо, иако лицето за кое било издадено не присуствувало на обуката.

— реклама —

По целосно документирање на случајот, против двајцата осомничени е поднесена соодветна кривична пријава, а предметот е доставен до надлежното јавно обвинителство за понатамошна постапка.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryl83rfetao1pedcgre47

Скопјанец приведен во Битола, возел без возачка дозвола

Македонија | пред 33 минути

media-library361ic5plrg5k889hIIq

Приведени две лица во Прилеп поради пронајдена прашкаста материја

Македонија | пред 34 минути

media-librarysasrcqetedop2jWM3rs

Маж ја нападнал сопругата и ја избркал од дома заедно со трите малолетни деца

Македонија | пред 38 минути

media-librarygudonvs5m446bL7QT8B

Сува трева и дел од куќа изгореле во пожар во Нераште

Македонија | пред 39 минути

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања