Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

ЛДП и ДОМ во Гевгелија кандидираат бизнисмен за градоначалник

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
Screenshot-2021-08-20-at-10.36.46

Граѓанската коалиција на ЛДП и ДОМ на локалните избори во Гевгелија за свој кандидат за градоначалник ќе го номинираат бизнисменот Виктор Петков.

— реклама —

Петков е основач и генерален менаџер на ВИПРО ДООЕЛ Гевгелија, компанија од преработувачката индустрија за храна, која се занимава со преработки на овошје и зеленчук.

— реклама —

- Како граѓанска коалиција на ЛДП и ДОМ сметаме дека Гевгелија заслужува да има градоначалник кој ќе се грижи единствено за интересите на градот, човек кој ќе излезе од рамките на личните и партиските интереси и своето искуство и знаење, целосно ќе го насочи за поубава Гевгелија.Градоначалник, кој нема да биде партиски послушник, туку интересот на граѓаните ќе го има за свој единствен приоритет, велат од коалицијата.

— реклама —

Виктор Петков во досегашното негово делување и активност потврдил дека е општествено одговорен, успешен менаџер и човек кој ќе ја направи Гевгелија подобро место за живеење.

— реклама —

Од коалицијата додаваат дека во периодов што следи ќе ги најават и останатите кандидати за градоначалници и советници.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања