Промени тема
Контакт

Лефков објави документ: „Филипче планирал мигрантски центар во Бардовци“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Македонија
media-librarya8894b8tpa6n0ad3YrS

Пратеникот и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, на денешната прес-конференција изнесе низа обвинувања на адреса на поранешниот министер за здравство Венко Филипче, тврдејќи дека, како член на тогашната влада, учествувал во донесување одлука поврзана со подготвување документација за прифатен центар за мигранти во Бардовци.

Лефков наведе дека станува збор за точка објавена во „Службен весник“ од 26 јануари 2018 година, каде што во планската документација е наведена: „Изработка на државно урбанистичко-планска документација за прифатен центар на странци за потребите на Секторот за гранични работи и миграции при МВР на КП бр. 35…“

— реклама —

Според него, тоа покажувало дека Филипче „гласал со две раце“ и дека токму тој „работел на отворање мигрантски камп“ во периодот кога бил дел од Владата на Зоран Заев. Лефков оцени дека, како што рече, Филипче е „единствениот актуелен политичар кој сакал да донесе мигранти во Македонија“.

Во продолжение на прес-конференцијата, Лефков изнесе политички критики кон Филипче и СДСМ, нарекувајќи ја темата за мигранти „измислена“ и оценувајќи дека се користи, како што рече, „за покривање на криминалите на поранешната влада“. Тој повтори дека „мигранти нема да има“ и побара од Филипче да ѝ се извини на јавноста.

— реклама —

Во говорот, Лефков даде повеќе оценски изјави кон политичките опоненти, наведувајќи дека „предавничко-криминалниот двоец ќе биде декласиран“ и дека „страхот од борбата против корупцијата не може да се сокрие со измислени теми“.

— реклама —

Тој ја заврши прес-конференцијата со став дека, според него, „сите лаги се распрснаа како меур од сапуница“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryk7jj3vul99n94c1zkOp

Лефков: Национален дата центар е и обврска од реформската агенда, сега Филипче се противи и на европски проекти    

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
apasiev-sobranie

Завојуваа Лефков и Апасиев, откако пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ ја спомена сопругата на лидерот на Левица

Македонија | пред 1 година

lefkov

Лефков: Структури од СДС делуваат со бугарската антимакедонска пропаганда, а целта им е напад на ВМРО-ДПМНЕ и претседателот Мицкоски кои се единствена брана на македонските интереси

Македонија | пред 1 година

lefkov05042021

Лефков: Ограбена држава - Министерството за економија со СДС и ДУИ користено за Дрин Ахмети да прави милиони

Македонија | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања