Лефков: Со денес објавените мерки Заев и Филипче признаа дека свесно одеа на жртвување човечки животи за да реализираат неточен попис

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
lefkov05042021

Со денес објавените мерки, Заев и Филипче признаа дека свесно одеа на жртвување човечки животи за да реализираат неточен попис, иако знаеја дека состојбата е алармантна и дека одредени мерки требаше да се преземат многу порано, истакна Миле Лефков, пратеник од ВМРО ДПМНЕ.

— реклама —

— реклама —

Лефков додаде:

— реклама —

Паднаа во вода сите нивни тврдења дека состојбата е под контрола, дека системот е добро организиран и дека нема потреба од нови мерки, како што изјавуваа пред само една недела.

Ова е уште еден доказ дека неспособната и криминогена власт директно ги загрозува животите на граѓаните на Република Македонија.

Последни сме во процесот на вакцинација, а први на листите на смртност. Состојбата ескалира со недели, но истата беше игнорирана за да може да го спроведат лажниот попис.

За свесното жртвување човечки животи заради политика и политизација мора да има одговорност. Граѓаните гледаат се повеќе и повеќе со какви некадарници си имаат работа.

Секоја измината минута во која животите на граѓаните зависат од ваква неспособна и криминогена власт носи ризик за животите на сите нас.

Видео: ВМРО ДПМНЕ

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања