Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Лефков со жестока порака до Апасиев: „Те расипаа квадратите и кешот“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Коментари
apasiev-lefkov

Пратеникот Миле Лефков јавно му одговори на лидерот на Левица, Димитар Апасиев, обвинувајќи го за двојни стандарди и лицемерие во политиката. Во својата изјава, Лефков порача дека „Димче не е тоа што беше“ и дека „го расипале кешот и квадратите деловен простор“.

— реклама —

„Разбирам дека вистината боли, па затоа Апасиев наместо да одговори на фактите – бега во навреди,“ наведе Лефков, посочувајќи дека суштинскиот проблем е во тоа што лидерот на Левица јавно проповеда анти-ЕУ ставови, додека неговото најблиско семејство користело европски средства преку програмата „Еразмус“.

Лефков потсети дека како член на Комисијата за европски прашања во целиот претходен мандат се спротивставувал на злоупотребите на европските фондови од страна на СДСМ и ДУИ, но дека Апасиев за тоа време не присуствувал на ниту една комисија.

— реклама —

„Во тоа време активно си користеле ЕУ финансии по дома,“ додаде тој.

— реклама —

Тој понатаму го спореди Апасиев со „самопрогласениот Енвер Хоџа на интернет подземјето“, обвинувајќи го дека мобилизира троловски армии за да шири лаги и клевети.

„Такви двојни стандарди не се политика – тоа е лицемерие на квадрат,“ изјави Лефков, додавајќи дека Апасиев не може да ја „плука Европа“ и истовремено да живее од европски пари.

— реклама —

„Разобличен си, лажго кој нарачува најдолни клевети. Порано беше покреативен, ама те расипаа квадратите и кешот другар,“ заврши Лефков во својата реакција.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryc7acemm09ffcftQKcUK

„ДПМНЕ и Славески им одредија џепарлак на граѓаните дури и од нивните сопствени пари во АЛТА банка“, велат од Левица

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
apasiev

„Од кога тоа постоење на одлука се докажува со сведочење“: Апасиев до Обвинителите по вчерашното судење за случајот „Државна лотарија“

Македонија | пред 3 седмици

media-librarynivb17sstia4cx1QxyN

(Видео) Апасиев на денешната собраниска седница покажа фотографии од баџанакот на Мицкоски со Заев и актуелниот премиер

Македонија | пред 1 месец

media-library4uos4bi8jv788pgf1IQ

Апасиев објави отфрлена пријава за закани: „Бесилка“, „бензин и кибрит“ и „смрт“ за ОЈО биле политички говор

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања