Легендарната песничка која почнува со зборовите „Брзај брзај прваче кон школскиот двор те чека учителка со мајчински збор“ и за овој почеток на учебната година доби своја преработка. Преку неа, се искажуваат критики за образовниот систем, но и наставниот кадар. Твитерџиите пред првиот училишен ден на првачињата, објавија дел од стиховите кои имаат рима и смисла, а дел се и сурово реални.
„Брзај брзај прваче
кон школскиот двор
те чека партиски вработен кадар
на шест месечен договор.
Учебници за тебе нема
тоа е нова шема
забава за ДУИ се спрема
парите ни ги зема“.
https://twitter.com/Redington_M5/status/1565232949779390465
„Брзај, брзај прваче
кон школскиот двор,
те чекаат учителки на Вентор“.
https://twitter.com/okradn/status/1565225383514996736
„Брзај, брзај прваче
кон школскиот двор,
те чека учителката
со погрешен збор“.
https://twitter.com/_Dani_D_/status/1565223437060259841
„Брзај, брзај прваче
Кон училишната врата
Те чека учителка
Со зголемена плата
За букви, сказни, песнички
Ќе учиш ти без брига
Некаде во април
Ќе добиеш и книга“.
https://twitter.com/AdvokatNikolco/status/1565057624164417542
Но освен преработки на песничката за првачињата, има коментари и за најмалите кои денеска првпат седнуваат, но и за оние кои не седнуваат во училишните клупи.
„Ич не брзај прваче! Кретениве уште учебници немет испечатено“.
„Уште прваче да требаше годинава у школо да носам. Плаче дете, плачам јас. Ај да поспиеме, ќе одиш утре“.
https://twitter.com/gorskivenec/status/1564506450881396737
„Јас ко се упишував за прваче, сам ме пуштија со едно тетратче по тесни и широки. Пешачев 8 км преку реки и ридови“.
https://twitter.com/Bavarecot/status/1564972540400963586
„Јас кога бев прваче се сеќавам само вода ми истурија за со лесно да ми биде школото… што е ова сега забави, торти, пакетче за првачиња“.
https://twitter.com/3zoRgadMd6bcYnc/status/1565059282600689666
„Син ми прваче, му надробив салата, акнавме по две ракии и го пратив прв ден у школо“.
https://twitter.com/Bouqet100/status/1565215392502788096
„Вчера му направивме торта со "среќно прваче" поканивме другарчиња од маало, во игортеката ни пуштија убава детска музика. И денеска среќен и тој и јас и мајка му го однесовне на школо. Нека му е среќен првиот училишен ден на нашиот мал Ајнштајн...“.
https://twitter.com/princnabelkonj/status/1565230816829079552
„Нашето #прваче е повозбудено дека на баба ѝ е роденден отколку што почнува на училиштесреќно на сите првачињааа“.
https://twitter.com/alexhris/status/1565234766667980801