Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Легендарниот бенд „Ролинг Стоунс“ го одржа својот прв мини концерт по смртта на тапанарот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Магазин

Легендарниот бенд „Ролинг Стоунс“ го одржа својот прв мини концерт по смртта на тапанарот Чарли Вотс.

Настапот за загревање пред планираната турнеја се одржа на стадионот Massachusetts Gillette во Масачусетс во понеделникот, пред публика од околу 300 луѓе.

— реклама —

Пејачот сер Мик Џегер настанот го посвети на тапанарот Вотс, кој почина минатиот месец на 80-годишна возраст.

— реклама —

„Ова е потресна ноќ за нас, бидејќи е прва турнеја во последните 59 години што ја правиме без нашиот прекрасен Чарли Вотс“, рече тој.

„На сите ни недостасува Чарли премногу. Ни недостига како бенд, ни недостига како пријатели – на сцената и надвор од неа.“

— реклама —

„Имаме толку многу спомени за Чарли и сигурен сум дека некои од вас што сте не гледале порано, имаат спомени за Чарли. И се надевам дека ќе го паметите како и ние.”

— реклама —

Ѕвездата ги поведе присутните во скандирање на името на Вотс. Гитаристот Рони Вуд потоа го зеде микрофонот и изјави: „Чарли, ние се молиме за тебе и свириме за тебе“.

На „Стоунс“ им се придружи на тапани Стив Џордан, музичар кој работеше со бендот од 1980-тите.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања