„Претрес“ на Зоран Витанов: Како пропаднаа шемите на Лајконет со која капитулираа куп Македонци?
6CWg-VZMIC8

Легендарниот полицаец од Охрид, Стевче Стевоски почна нова битка во долгата војна со МАФИЈАТА

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
izjava-zaev.Still090-1

— реклама —
ZObvzzcjceo
— реклама —

Стевоски Стевче - познатиот охридски полицаец кој 30 години се бори со системот денес ја зпаочна кампањата на претстојните Локални избори, каде е кандидат на „Деморкати“.

— реклама —

Стевоски рече дека за него ова е уште една битка во долгата војна со Мафијата -за која рече дека е мајката хранителка на сестрите близначки СДСМ и ВМРО ДПМНЕ.

— реклама —

Од самиот старт на кампањата станува јасно дека Стевче Стевоски е кандидат кој очигледно ја зборува вистината и само вистината, па затоа ви препорачуваме да го прегледате видеото од неговата изјава или да го прочитате  интегралниот текст од обраќањето на Стеовски пред медиумите:

Почнуваме уште една изборна кампања, во која како и цел мој живот ќе продолжам да ја зборувам вистината и да се борам за правдата.

Целиот мој живот го поминав борејќи се за правда во институцијата каде работев и иако не успеав многу не се откажав во борбата со мафијата инсталирана во институциите и продолжив да ги штитам беспомошните луѓе и работниците врз кои институциите спроведуваа закони, и да се конфронтирам со моќниците кои со децении наназад и ден денес се недопирливи за законите.

Цел Охрид знае кој е Стевче Стевоски. Ме знаат сиромашните, ме знаат и мафијашите. Ме знаат Египќаните, Албанците, Турците, Македонците. Сите знаат дека никогаш неправедно не сум казнил никој, а дека не сум се плашел да ги казнам моите претпоставени, за што и ден денес, центрите на моќ ме влечкаат по судови.

Почнуваме денес повторно, нова битка во долгата војна на правдата против неправдата.

Денес јавноста знае кој се ВМРО ДПМНЕ и СДСМ ! Знае дека тоа се две сестри близначки кои ги родила една мајка Мафија, а таткото име Јуда.

Против кандидатите од овие две партии лично немам ништо. Тие двајцата се доктори, но за жал прифатија да се марионети на нивните партии и нивната мајка Мафија.

Народот овој пат знае дека тие ВМРО ДПМНЕ и СДСМ никогаш нема да тргнат против нивната мајка Мафија и затоа повторно :

ГИ ПОВИКУВАМ, ОБЕСПРАВЕНИТЕ, УГНЕТЕНИТЕ, ОД ИЗВРШИТЕЛИ ЗГАЗЕНИТЕ, ОД ЛИХВАРИ УНИШТЕНИТЕ, ЗА БЕДНИ ПЛАТИ ВРАБОТЕНИТЕ, И НЕВРАБОТЕНИТЕ овој пат да гласаат за мене СТЕВЧЕ СТЕВОСКИ , за конечно да влезиме во финалната битка против МАФИЈАТА - таа сокриена мајка хранителка на СДСМ и ВМРО ДПМНЕ.

Да живее Охрид

Да живее Македонија

Да живее чесниот граѓанин на Охрид

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 5 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања