Легендата за Свети Трифун и народните обичаи на неговиот ден

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 13 часа -

Магазин
njtrtr

Според преданието, Свети Трифун поседувал исцелителни дарби и станал познат откако ја излекувал принцезата Гордијана, ќерка на римскиот цар Гордиј. Таа тешко се разболела, а ниту еден лекар не успеал да ѝ помогне. Според легендата, духот што ја мачел изјавил дека може да биде истеран само од човек по име Трифун. Царот наредил да се пронајдат сите со тоа име, но само младиот Трифун успеал да ја ослободи принцезата од болеста.

— реклама —

Иако бил богато награден, Трифун одлучил да се врати на својот скромен живот и одгледување гуски, а даруваното богатство го разделил на сиромашните.

— реклама —

Со доаѓањето на царот Декиј започнале нови прогони на христијаните. Трифун одбил да се откаже од својата вера и бил подложен на тешки мачења, по што бил погубен со отсекување на главата. Бил погребан во родното место Кампсада, а подоцна неговите мошти биле пренесени во Цариград, од каде што дел бил однесен во Котор, каде што се чуваат и денес.

— реклама —

Во народната традиција, Свети Трифун се смета за заштитник на лозарите и лозјата. На неговиот празник, лозарите симболично закројуваат барем еден чокот и го полеваат со вино, со верување дека така лозјата ќе дадат побогат род. Според народните верувања, дождлив ден на Свети Трифун носи плодна година, а ведро време најавува суша.

Во народната свест, празникот се поврзува и со доаѓањето на пролетта, будењето на природата и љубовта. Свети Трифун се почитува како заштитник на брачната верност, на посевите и овоштарниците, а во некои краишта се празнува како заветен ден за заштита од град и поплави.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања