„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Лекар и медицинска сестра загинаа во авионска несреќа, авионот полетал од Пула

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Свет
lekar-germanija

Четири лица загинаа во падот и експлозијата на мал авион што се урна веднаш по полетувањето од лондонскиот аеродром. Авионот бил на пат кон Холандија, откако претходно пристигнал од Пула.

— реклама —

Меѓу загинатите во несреќата биле германскиот лекар од итната помош д-р Матијас Ејл (46), кој со години работел за германскиот Црвен крст, двајца холандски пилоти и 31-годишната медицинска сестра со германски пасош од Чиле, Марија Фернанда Рохас.

Тоа и бил прв работен ден.

— реклама —

Братот на починатиот доктор, Маркус, за „Билд“ изјавил колку било важно спасувањето животи за неговиот брат.

„Беше најдобар. Спасуваше животи секој ден, само минатата недела спаси тројца од нив“, рече шокираниот Маркус Ејл.

Истрагата за несреќата е во тек.

Авион „Бичкрафт Б200 Супер Кинг Ер“ управуван од холандската компанија „Зиуш Авиејшн“, специјализирана за медицински евакуации и

транспорт на пациенти и органи, слета во Пула од Атина, Грција, во неделата, а потоа продолжи кон Саутенд.

Кратко по полетувањето, авионот се навали на едната страна, се урна и експлодираше.

Британскиот одбор за истрага на воздушни несреќи (AAIB) воспостави зона на забрана на аеродромот и започна со извлекување на остатоците. Портпаролката на аеродромот изјави дека е прерано да се шпекулира за причината за несреќата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања