Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Лекарка доби 20.000 евра отштета поради исцрпеност од работа во државна болница

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Свет
media-librarys488u65k2f1c4Q4mVPM

Административниот суд на островот Крит ѝ досуди отштета од 20.000 евра на поранешна лекарка од државна болница, оценувајќи дека долгогодишната преоптовареност на работното место сериозно го нарушила нејзиното физичко и психичко здравје.

— реклама —

Интернистката Елени Јоаниду работела две децении во болницата во Ретимно, а во јануари 2023 година поднела оставка откако, како што навела, со години предупредувала на недостиг од кадар, исцрпувачки работен распоред и прекумерен обем на работа.

Таа покренала судска постапка, барајќи надомест за неискористениот годишен одмор и за претрпената нематеријална штета поради условите во кои работела. Откако претходно добила обештетување за неискористениот одмор, на 26 јуни Административниот суд во Ханија ѝ доделил и 20.000 евра отштета за синдромот на прегорување на работното место.

— реклама —

Судот утврдил дека работните услови негативно влијаеле врз нејзиното здравје, повикувајќи се и на психијатриски наоди што потврдиле сериозна исцрпеност.

— реклама —

Пресудата привлече големо внимание во Грција и се смета за прва судска одлука во земјата со која се доделува отштета конкретно поради синдром на прегорување на работното место.

По објавувањето на пресудата, адвокатката на Јоаниду соопштила дека голем број лекари и медицински сестри се обратиле со намера да ги разгледаат своите законски можности за покренување слични постапки.

— реклама —

Здравствените работници предупредуваат дека недостигот од персонал, прекумерниот обем на работа, ниските плати и заминувањето на медицинскиот кадар во странство со години создаваат сериозен притисок врз грчкиот јавен здравствен систем, а пандемијата дополнително ја влошила состојбата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

uciliste

26 лица, меѓу кои 13 деца, се хоспитализирани по истекување гас во училиште во близина на Атина

Балкан | пред 13 часа

— реклама —
trajekt-620x350

Закана за бомба запре траект во Грција: Евакуирани 875 патници

Спорт | пред 2 дена

tunis-migranti-camac-830x0

Најмалку 12 мигранти загинале во бродска несреќа јужно од Крит

Балкан | пред 2 дена

media-libraryiel13u9qn44b5PMTzid

Необична „роденденска честитка“ за грчкиот министер: Хакери нарачале 150 поршеа и 50 мерцедеси

Балкан | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања