Промени тема
Контакт

Лекарот Ненад Цоневски, кој го прегази кучето Маја, е обвинет за екстремна суровост кон животно

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Македонија
media-libraryv77gue7m2oj352YzuBE
ФБ

Македонскиот лекар Ненад Цоневски, кој работи во Софија, е обвинет за екстремна суровост кон животно, откако со автомобил го прегазил кучето Маја – маалски миленик на жителите од соседството. Случајот предизвика голем револт во јавноста, откако видеоснимка од настанот се прошири на социјалните мрежи, пишува 24 часа.бг.

На видеото се гледа како автомобилот управуван од Цоневски излегува од гаража и го удира кучето со предните гуми. Потоа тој излегува од возилото, го погледнува животното кое лежи на тротоарот, се враќа во колата и заминува оставајќи го кучето на улица.

— реклама —

Според Обвинителството во Софија, Цоневски е обвинет за „намерна суровост кон животно што резултирало со сериозни повреди“, но не и за убиство, бидејќи кучето било еутаназирано подоцна. Ветеринарната експертиза покажала дека кучето имало сериозни повреди на рбетот и сигурно немало да може да ги движи задните нозе, но имало шанси да преживее. Животното, кое било од расата хаски, било чипувано, но без сопственик, па ветеринарот по консултација решил да го еутаназира.

— реклама —

Ако судот го прогласи за виновен, Цоневски се соочува со затворска казна од една до пет години. Додека трае истрагата, тој е суспендиран од работното место во Военомедицинската академија во Софија.

— реклама —

Оттаму велат дека „не толерираат никакви облици на агресија или насилство, независно кон кого се насочени“ и потврдија дека соработуваат со органите на истрагата, меѓу кои и Воената полиција.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarytjsh6gs1esnj1wZJq7p

(Вознемирувачко видео) Возач во Пробиштип со автомобил прегазил куче покрај пат

Македонија | пред 2 дена

— реклама —
media-libraryqo6egqoto1fs9sDjGAL

(Видео) Кога добрината и љубовта немаат граници: Златен ретривер ги чува своите мали пријатели

Вирално | пред 1 седмица

media-library5gg3rfe4vsmh3zOXFR1

(Видео) Беше исплашено и само, а неговиот неочекуван пријател го утеши со прегратка

Вирално | пред 1 седмица

kuce

Кучињата можат да „намирисаат“ рак? Нов експеримент со помош на вештачка интелигенција

Вирално | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања