Промени тема
Контакт

Лекарска комора по навредите кон докторите: Тоа е кривично дело со затворска казна, итно да се престане

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
Lekarska-komora-6-696x416-670x400

Лекарската комора излезе со соуда и реакција по вчерашните навреди и говор на омраза кон докторите. Ви пренесуваме во целост:

Докторите од сите нивоа на здравствениот систем во изминатите година и половина активно, одговорно и пожртвувано се борат за зачувување на животите на илјадници пациенти кои директно се засегнати од пандемијата. Во таа борба лекарите го доведуваат во опасност својот живот, животот на блиските, а дел од нив и платија со сопствениот живот.

— реклама —

Во часовите поминати со пациентите заболени од ковид, облечени во заштитна опрема, борејќи се со многу неизвесни и непредвидливи ситуации лекарите акумулираа стрес и трауми кои исто така стануваат дел од нивниот живот. Во пандемиски услови докторите не се семоќни, а за да може да се даде најдобар одговор и да се зачуваат човечките животи треба секоја единка и целото општество заедно да работи на истата цел.

Од самиот почеток на пандемијата, за жал, одредени структури водени од нејасни цели го негираат постоењето на вирусот и потребата од примена за заштитни мерки, како носење на заштитни маски и одржување на дистанца, со што директно влијаат на зголемениот број на заболени. Со интензивирање на процесот на вакцинација се пристапи и кон сатанизирање на вакцините, ширење лажни и неточни информации поврзани со нивното дејство со што повторно се нанесува непоправлива штета која се плаќа со човечки животи. Сега се оди чекор понатаму и се напаѓаат докторите директно.

— реклама —

Со цел заштита на честа и угледот на лекарската професија, како и нејзиниот несебичен и пожртвуван придонес во справување со пандемијата, Лекарската комора најостро го осудува говорот на омраза кон лекарите кој го шират одредени структури, бара итно да престане и предупредува дека тоа е кривично дело за кое во Кривичниот законик се предвидени и затворски казни. Исто така, истакнуваме дека доколку активностите продолжат ќе бидат поднесени соодветни пријави до надлежните институции.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања