„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Лекарската комора чека решение од Таравари со кое точно ќе се прецизира кој е одговорен во случајот со починатото бебе

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
Screenshot-2024-10-18-133251

„Лекарска комора, на 16.10.2024 година, во попладневните часови од Министерството за здравство го доби „Извештајот од извршен надзор над стручната работа на Универзитетската клиника за детски болести, Скопје и ЈЗУ Универзитетска клиника за респираторни заболувања кај децата - Козле, Скопје“, подготвен од страна на Комисија за стручен надзор формирана од Министерот за здравство, а во врска со лекувањето и третманот на починатото дете Р.С.“, велат од Лекарската комора.

— реклама —

„Комисијата за етички и правни прашања при Лекарска комора, утредента, на 17.10.2024 г. одржа седница на која го разгледа овој извештај и во однос на наодите Комората го дава следното мислење:

Комисијата за етички и правни прашања нема законски ингеренции да ја преиспитува работата на Комисијата за стручен надзор формирана од страна на Министерството за здравство, ниту самоиницијативно да утврдува мерки, особено затоа што не располага со медицинската документација врз основа на која извештајот е изготвен.

— реклама —

Најголем дел од пропустите нотирани во извештајот се системски пропусти во овие здравствени установи, за кои Комората нема директна надлежност, но изразува голема загриженост, затоа што сериозно го засегаат работењето на здравствените установи и квалитетот на здравствените услуги. Веруваме дека здравствените установи, како надлежни за овој сегмент од извештајот, во соработка со Министерот за здравство, во зададените рокови ќе ги отстранат пропустите.

Во однос на стручните пропусти во третманот нотирани во извештајот, Лекарска комора може да постапува само во рамки на законски утврдена постапка согласно Законот за здравствена заштита, односно само врз основ на решение изготвено од страна на Министерот за здравство. Во конкретниот случај вакво решение досега не е доставено до Комората, а Комората нема законска можност самоиницијативно да пристапи кон утврдување на индивидуална одговорност и да предлага мерки само врз основа на доставениот извештај.

Лекарска комора ќе постапи веднаш, согласно своите надлежности и ингеренции, штом добие Решение од министерот за здравство со кое точно ќе се прецизира индивидуалната одговорност и ќе се предложат конкретни мерки согласно законските прописи. Целосно ја разбираме потребата на јавноста за побрзо лоцирање и утврдување на одговорност, но постапувањето надвор од законските прописи и ингеренции носи ризик одлуките да бидат обжалени и прогласени за ништовни“, соопшти Лекарската комора.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања