Таблетарната терапија анастрозол и летрозол, наменета за онколошки пациенти, од понеделник (4 август) ќе биде достапна во аптеките. Пациентите ќе можат да ги подигнат овие лекови со редовен рецепт, откако претходно ќе добијат извештај од онколог и ќе се обратат кај матичниот лекар за издавање на рецепт.
Како што информираат од Фондот за здравствено осигурување, денеска ќе биде објавен новиот шифрарник што ќе стапи на сила од 4 август. Партиципацијата за лековите ќе изнесува околу 50 денари.
Во однос на хормонската инјекција ресилиго, која исто така ја примаат дел од онколошките пациенти, од Клиниката за радиотерапија и онкологија најавуваат дека во текот на следната недела пациентите ќе добијат известување кога и каде ќе ја примаат терапијата.