Познатиот фолк-пејач Спасен Сиљаноски упати остри критики кон градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, затоа што за „Тиквешкиот гроздобер“ наместо да покани македонски изведувачи, поканил од соседството.
РОШТИЛИДАЈА - ЛЕСКОВАЦ или ГРОЗДОБЕР-КАВАДАРЦИ
Во која држава се наоѓа Кавадарци???
Во која држава е градоначалник Јанчев?
Во која држава зрее Грозјето?
Во која држава ќе се одлеат стотици иљади евра за музичките изведувачи од овој настан ???
......И повторно не сакам да бидам разбран дека се борам за себе. Неее, никогаш. Се борам за нашата култура и традиција.
Па замислете бе луѓе каков е тој Гроздобер без ниту една Тиквешка песна. Гроздобер без ниту еден Македонски фолк изведувач. Гроздобер без кралевите на Тиквешката музика како Анѓел Џамбазот и останати..... Мислев дека нема подолу од дното ама еве имало...И некогаш се прашувам сам себе, па штом само јас се бунам изгледа не сум во право, можеби така треба, сите молчат па ваљда не сум јас најпаметен. Простете ако грешам.
П.с. Единствено сум среќен што знам дека оние прави Македонци од Кавадарци ќе се соберат "Кај Буки" и ќе уживаат во песната на Џамбазот и Дулот.
На неговиот ФБ профил има уште една објава за патриотизмот на Хрватите, каде што вели дека за разлика од Хрватите кои имаат здрава национална свест, ние имаме дефицит на патриотизам.