Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Летал на автопатот Гостивар-Тетово со 177 км/ч, а било дозволено 80 км/ч

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-libraryn073s1ua71gf5JrEWXR

Полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот при Министерството за внатрешни работи денеска во 18 часот лишиле од слобода 47-годишен возач од Тетово, кој на патот Гостивар–Тетово бил фатен како управува возило со брзина од 177 километри на час.

Како што соопшти МВР, прекршокот бил регистриран со специјално службено возило „пресретнувач“ на клучката Боговиње, каде што максимално дозволената брзина е 80 километри на час.

— реклама —
— реклама —

По насоки на јавен обвинител, возачот со иницијали К.Б. бил лишен од слобода. Тој управувал патничко возило „Шкода“ со тетовски регистарски ознаки, а против него ќе бидат преземени соодветни мерки и ќе одговара согласно со член 297-а од Кривичниот законик.

— реклама —

Од МВР најавуваат дека сообраќајните контроли ќе продолжат и во наредниот период на целата територија на државата, со цел санкционирање на прекршителите и зголемување на безбедноста во сообраќајот. Воедно, апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

policija-policaec

Сообраќајна полиција отстрани од сообраќај возач кој возел со 114 кмлометри на час во населено место

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања