Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски

Левандовски заминува од Барселона: Ја исполнив својата мисија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Спорт
media-libraryq4solqu3vga1c23TynC
screenshot youtube

Роберт Левандовски објави дека ја напушта Барселона по четири сезони поминати во каталонскиот клуб.

Полскиот напаѓач преку видео на социјалните мрежи потврди дека од следната сезона повеќе нема да го носи дресот на Барса, а утрешниот натпревар на „Камп Ноу“ ќе биде негово последно појавување пред домашните навивачи.

— реклама —

„По четири години полни со предизвици, труд и незаборавни моменти, дојде време да продолжам понатаму. Заминувам со чувство дека ја исполнив својата мисија“, порача Левандовски.

— реклама —

Тој им се заблагодари на навивачите за поддршката и истакна дека Каталонија секогаш ќе има посебно место во неговото срце.

— реклама —

Левандовски пристигна во Барселона во летото 2022 година од Баерн Минхен и брзо стана еден од главните напаѓачи на тимот.

— реклама —

Во дресот на Барса одигра 191 натпревар, постигна 119 голови и запиша 24 асистенции.

Според медиумите, најсериозен кандидат за неговиот потпис е саудиски Ал Хилал, кој на Полјакот наводно му нуди плата од 90 милиони евра по сезона.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања