Промени тема
Контакт

Левица: Агресивно се наметнува нелегитимното име врз учениците – наставниците се должни да се спротистават

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
50250552858_c1667b3294_c

Деновиве, до нас пристигнуваат реакции и поплаки од страна на родители во врска со зачестена, преизнасилена и агресивно наметнувачката употреба на името Северна Македонија од страна на одделенски наставници на часовите со најмладите, како и корегирање и инсистирање истото име да го употребуваат и децата, односно учениците. Многу е веројатно дека наставниците се инструирани и дека им се врши притисок да инсистираат на употреба на државното име кое жителите на Македонија го отфрлија на противзаконскиот и нелегален референдум со бојкот на срамното и манипулативно прашање, се вели во соопштението од Левица.

Ваквото политичко насилство врз децата е монструозно. Тоа не е ништо друго, туку образовна пропаганда која на вештачки начин се обидува да го наметне името кај најмладите и на таков начин да придонесе кон втемелување на историскиот ревизионизам и бришење на колективната меморија на Македонија и македонскиот народ.

— реклама —

Никој не смее да врши политичко влијание врз деца, а училиштата да ги користи за место за ширење политичка пропаганда. Дури и кога договорот во Преспа не би бил ништовен, односно, дури и ако истиот беше склучен и потпишан во склад со законите и испочитувани процедури на институциите, како и волјата на македонскиот народ, повторно не би имало основа за демонстрираниот изнуден ентузијазам на наставниците. Ваквото однесување претставува психолошка тортура, а и покажува дека властите на агресивен начин ги користат сите формални и неформални институции во обид на вештачката шовинистичка индоктринација. 

Ги повикуваме наставниците и родителите активно да се спротивставуваат на ваквите обиди. Во услови на тортура од властите, граѓанска непослушност која служи да ја сузбие пропагандата, е должност на сите нас – а особено на оние кои ги образуваат децата.

— реклама —

Родителите апелираат дека децата треба да бидат оставени на мир и да се престане со притисок врз наставниците. Училиштата треба да понудат едукативни, а не пропагандно-манипулативни содржини,  се вели во соопштението од Левица.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања