Левица бара апанажа и за работниците

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
levica

Ја известуваме јавноста дека пратениците на Политичката партија Левица, како единствена автентична партија на трудот, која ги штити интересите на работниците, до Собранието на Република Македонија ќе поднесат Предлог - закон за изменување на Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност, со кој ќе се овозможи обичниот работник да зема месечен паричен надоместок за време на привремена невработеност под еднакви услови како и т.н. апанажа, која им следува како КЛАСНА ПРИВИЛЕГИЈА на избраните и именуваните лица, т.е. на јавните функционери во државава, вели Левица.

— реклама —

„На ваков чекор се одлучивме предизвикани од вчерашното неподдржување од страна на пратениците на Предлог-законот, поднесен од Левица, за укинување на апанажата на функционерите. Таквото дејстување на, условно кажано, најголемите политички партии, е само продолжение на статус-квото, а против начелото на социјална правда.

— реклама —

Дополнително, тоа нивно дејстување е недржавничко и претставува доказ дека за нив правата на обичниот работник за достоинствен живот се безвредни и единствена нивна партиска заложба е директна заштита на капиталот и привилегиите на мала група неспособни функционери.

— реклама —

Упатуваме апел до работниците и до синдикатите, јавно и отворено да го поддржат овој наш Предлог - закон и сметаме дека неговото поднесување е во насока на доследно почитување на уставното начело на забрана на дискриминација врз основа на имотна, социјална и општествената положба“, се вели во објавата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања