Промени тема
Контакт

Левица бара да се повлечат точките за легализација на дивоградби во Охрид

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
273671227_312888234210767_293196686991321836_n

Денес се одржа седница на Советот на општина Охрид, каде беа ставени и 33 точки за легализација на дивоградби.

„Нашата советничка Виолета Аврамоска истакна дека на вчерашната седница на Комисија за урбанизам, спорните точки на членовите на комисијата не им беше овозможен графички приказ и поради тоа таа побара следните спорни точки да бидат повлечени од дневен ред.

Точка бр.16 КО Охрид

Точка бр.17 КО Трпејца

Точка бр.18 КО Охрид

Точка бр.19 КО Охрид

Точка бр.24 Ко Охрид

Таа се изјасни дека доколку спорните точки не бидат повлечени од дневен ред, ќе гласа против истите.

— реклама —

Се премина на гласање кој е за повлекување на точките од дневен ред . Гласањето се одвиваше вака:

Точка бр.16 - 9 гласови ЗА

Точка бр.17 - 6 гласови ЗА

Точка бр.18 - 7 гласови ЗА

— реклама —

Точка бр.19 - 7 гласови ЗА

Точка бр.24 - 7 гласови ЗА

Останатите советници гласаа воздржано.

По предлог на координаторот на советничката група на СДСМ, беше побарана пауза за координација. За време на координацијата беше кажано дека нема струја и седницата мора да се прекине, поради неможноста да се пренесува во живо.

— реклама —

Само да потсетиме, Советот на општина Охрид на 29.12.2021 година донесе одлука при што е одлучено:

,,Постапките за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти времено се прекинуваат во крајбрежниот појас на Охридското Езеро, дефиниран со планот за управување со светското природно и културно наследство на охридскиот регион со Акциски план 2020 - 2029 година и во рамките на Студенчишко блато - согласен ГУП на Охрид, УЗ 17, УБ 17.."

Со оваа легализација, советот ќе легализира објекти што е спротивно на одлуката која самиот ја донел.

И трето и најважно, оваа легализација е спротивна на препораките на УНЕСКО и на Планот на управување, според кои за нелегалните градби треба да се изработи оцена за влијанието врз културното наследство и врз основа на тоа да се одлучи дали објектот може да се легализира или не“, велат од Левица.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања