Левица бара граѓаните на Велес преку референдум да се изјаснат за продажба на парцели на езерото Младост

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
mladost

На следната осма седница на советот на општина Велес која е закажана за 31.01.2022, понеделник, и ќе се одржи онлајн, една од точките на дневниот ред ќе биде програма за работа во областа на располагањето со градежно земјиште во сопственост на Република Македонија на подрачјето на општина Велес за 2022 година т.е продажба на градежно земјиште, велат од Левица.

— реклама —

„Оваа иста точка требаше да биде дел и од претходната седма седница, но по наше барање за повлекување на точката и распишување на јавна анкета за да се испита мислењето на граѓаните на општина Велес, точката беше повлечена од страна на градоначалникот, за да истата точка повторно се најде на дневниот ред на наредната онлајн седница.

— реклама —

Бидејќи јавна анкета до овој момент не е распишана, би сакале да ве известиме дека советниците на Левица во општина Велес поднесовме барање до претседателот на совет за итна точка на дневниот ред за следната осма седница во која бараме распишување на РЕФЕРЕНДУМ за граѓаните на општина Велес за располагање на градежните парцели покрај езеро Младост, катастарска општина Башино Село- Вон Град и Новачани, со референдумско прашање:

— реклама —

„Дали сте согласни општина Велес по пат на јавно наддавање да ги оттуѓи државните градежни парцели покрај езеро Младост, катастарска општина Башино Село- вон град и Новачани и со нив да стопанисува приватен субјект?“

Во предизборната кампања пред само 3 месеци сите политички партии кои учествувавме на локалните избори во своите програми имавме предвидено и ветувавме пошумување на крајбрежјето на езеро младост и разубавување на околината со нови содржини, но не и продажба на градежни парцели на кој би се изградиле хотели и мотели.

Поради тоа сметаме дека по ова прашање најбитно е да се прашаат граѓаните и они да одлучат дали сакаат на езеро Младост да има нови зелени површини или сакаат нови хотели.

За нас спорно во оваа точка е што ќе се стават на продажба и последните непродадени парцели на крајбрежјето на езеро Младост, кој за жал локалната власт во 2007 година со промена на деталниот урбанистички план одлучила парцелите околу езеро Младост да се пренаменат и да се стават на продажба.

Имено во оваа точка предвидено е да се стават на продажба вкупно 38 градежни парцели и 13 градежни парцели за краткотраен закуп, дел во Велес, Новачани, Башино село како и покрај езеро Младост.

За нас нај спорни се двете парцели со намена за изградба на хотели и една за мотел со површина од 20 064 метри квадратни.

Сметаме дека на крајбрежјето на езеро Младост му фали итно пошумување и подигнување на нови зелени површини, но не и изградба на нови хотели и мотели со кој ќе се узурпира и комерцијализира просторот околу езерото.

Апелираме до останатите советници од сите политички партии во советот на општина Велес на разумност, да се стави нашата предлог точка на дневен ред, и истата да биде позитивно изгласана, со што ќе им овозможиме на Велешани да си го искажат своето мислење за ова битно прашање“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања