Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Левица бара итна забрана на извозот на огревно дрво

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
35052128_1007191659430856_2549064219752398848_n

Македонија е на прагот на нов бран поскапувања и севкупно осиромашување на населението. Огревното дрво пред почетокот на следната грејна сезона ќе поскапе за 20 отсто, а пелетите веќе се продаваат по речиси 50 отсто повисока цена. Цената на еден кубен метар дабово дрво во приватните складови достигнува и до 5000 денари, вели Левица.

„Најупотребуваниот енергенс во Македонија, што го ползуваат околу 71% од граѓаните станува се потешко достапен, особено за најсиромашните слоеви .

— реклама —

Големата побарувачка за овој вид енергенс на светскиот пазар, како и зголемениот постојан и неплански извоз придонесе цената на огревното дрво и пелетите континуирано да расте, а голем дел од складовите за огревни дрва во Македонија да зјаат празни.

Министерството за земјоделие како директно надлежна установа за стопанисување со дрвната маса се уште е без стратегија, и покрај тешките околности. Во надлежност на Mинистерството е и издавањето Одобренија за извоз на трупци, огревно дрво и други производи од дрво, но на нивната веб страница нема официјални податоци за вкупниот број извезени трупци од Македонија.

Во услови кога балканските држави со конкретни мерки се подговуваат за претстојната грејна сезона, министерот Љупчо Николовски нема никаков план у стратегија.

— реклама —

Додека Србија и Босна и Херцеговина во мај и јуни воведоа забрана за извоз на пелети и огревно дрво за наредните шест месеци, македонските шуми се пустошат со легални сечи, a еден дел од оваа дрвна маса се извезува во соседните земји. Фирмите извозници и државата тријат раце од профитот, додека на граѓаните им претстои скапа и крајно неизвесна грејна сезона.

Инаку, сите правни лица кои се регистрирани со општа клаузула за бизнис согласно законските нормативи може да извезуваат техничко, огревно дрво и целулозно дрво.

— реклама —

Политичката партија Левица итно бара од Министерот Николовски воведување:

- времена забрана за извоз на огревно дрво со цел да се намали недостатокот на дрвна маса што директно се одрази и на производителите на пелети. /Најголем дел од нив веќе најавија и второ зимско покачување на цената на овој вид енергенс поради увозната зависност.

- Енергетско преструктурирање на друг вид енергенси, а не само на огревното дрво, a со тоа ќе се намали и самата побарувачка, како и екстремното загадување на воздухот во текот на зимскиот период.

- Информирање на јавноста за тоа колку тони дрвна маса месечно се извезува во други земји.

Ваквите мерки се единствено решение за ублажување на кризата што и се заканува на Република Македонија, а огревот, храната и обувките спаѓаат во основните добра за живот. Да напоменеме дека државата најголем дел од дрвната маса пред забраната ja увезуваше од Србија и Босна и Херцеговина“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-38-7520PM

Левица: Фондовите трупаат станови, граѓаните тонат во кредити

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
media-librarysf59p4qdljdt0nEqpbx

Левица до Муцунски: „Македонија да гласа за Куба, престанете да ја изолирате државата“

Македонија | пред 1 ден

media-library46cj7qooqalm5YLnHmr

Мојсоска: ЕВН лани оствари над 45 милиони евра чиста добивка, а народот плаќа најскапа струја - премиерот и министерката работат за бизнис-кремот од чија соработка се купуваат часовници од 60 илјади евра

Македонија | пред 2 дена

media-library51bbtg2c7kaa8ggtITP

Левица: Од планираните 1,9 милијарди денари за гасификација остануваат само 12 милиони

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања