Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Левица бара разрешување на директорката Насковска: Се штитат поединци наместо децата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Скопје
media-libraryealuvjb9oh519W0LSv9

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Скандалот со бруталното врсничко насилство во Ѓорче Петров ја вознемири јавноста до темел. Но, снимките и фотографиите кои ги видовме се уште погрозни од било каква претстава, а бидејќи градоначалникот Александар Стојкоски тврди дека ги видел - фрапантен е молкот на Општината после такви сцени, велат од Левица.

„Случајот не започнал и не може да започне во реонскиот парк во Ѓорче Петров (впрочем, парк кој е практично во дворот на полициската станица и каде што треба да има чувар), туку таму ја достигнал својата најтешка форма. 

Во конкретното училиште изминативе години, под раководство на Насковска, постојани се натрупуваат проблеми. Советниците од Левица во континуитет укажуваа на алармантни состојби, многу мал дел познати и голем дел незнајни за јавноста. Наместо сериозна интервенција, следеа флоскули, формални одговори и повторливи изговори дека „се работи на случајот“. Во пракса ништо не се промени, а одговорноста никако не пристигнуваше.

Па така, се создаде и впечатокот дека приоритет не е решавање на проблемите, туку хистерична заштита на раководниот кадар, односно Насковска. Токму затоа, денес имаме институционален молк кој е спротивен на сериозноста на случајот.

Особено забележителен е двојниот пристап на Општината. Во друг случај, за друго училиште, градоначалникот Стојкоски без задршка јавно на медиумите им го посочи училиштето, генерацијата, паралелката, беа сите ставени на тапет и следеа итни разрешувања без спроведена постапка. Денес владее потполна тишина и тенденција  монстуозниот случај да се заборави што побрзо.

Се штитат поединци наместо да се заштитат децата!

Во вакви околности, прашањето за одговорност не може повеќе да се одложува.

Левица бара итна оставка од директорката Гордана Насковска. Доколку истата не ја поднесе, бараме нејзино итно разрешување.

Ова не е политичко барање, туку институционален минимум. Кога во една установа се повторуваат сериозни пропусти, кога нема превенција и нема реакција, тогаш раководството мора да сноси последици.

— реклама —

Паралелно, ја информираме јавноста дека советничката група на Левица иницира вонредна седница во форма на надзорна расправа, на која ќе бидат повикани сите релевантни чинители - директори, стручни служби и претставници од полициската станица и слично. Целта е без фасада, да се утврди каде системот потфрла и кои конкретни мерки ќе ги преземеме за растечкиот број на скандалозни случувања во општината“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања