Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Левица: Битола од град на конзулите се претвори во град на депонија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
bitola-deponija

Мртви животни, градежен или друг вид на отпад сѐ уште се фрла покрај патиштата, во речните корита, канали, делови од планината, ридовите. Честа е сликата на отпад во дивите депонии.

— реклама —

Локалната власт целосно ги запоставува околните предели, од каде што доаѓаат фекалиите во центарот на градот, а за тоа се резултат затнатите шахти кои исфрлаат секаков вид на отпад. Во оваа ситуација граѓаните се подложени на ризик од секакви заболувања, се вели во објавата на ФБ од политичката партија Левица.

Од Левица додаваат:

— реклама —

Поради лошите политики на сите досегашни власти, Битола има дури 70 диви депонии. Наместо изградба на современи рециклицирачки центри под државна контрола, парите на граѓаните се трошат за непродуктивни тендери и партиски вработувања. Унапредувањето на животната средина и на природата е темелна вредност во Уставот на Р. Македонија.

Уште еднаш апелираме до општинската власт дека со нивната неажурност и немањето интерес за инвестиции во современи депонии, во одводните канали околу градот се прави голема штета, затоа што при надоаѓање на поголема количина на атмосферските води доаѓа до одлевање на водата и истиот тој отпад завршува надвор од каналите и доаѓа до уште поголемо загадување на почвата. Исто така, тој отпад може да заврши во речните корита, каде би дошло до труење на рибниот фонд во реките, и доаѓа до нарушување на флората и фауната.

Оваа грда слика не смее да е главно обележје и симбол на Градот на конзулите, велат од Левица.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања