Левица: Дали Владата подготвува да испрати оружје во Украина

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
283535168_584806039669131_8406117589212878086_n

Според информациите кои стигнаа до Левица - Секторот Безбедност од офицери вработени во армијата, деновиве на Воениот аеродром на АРМ се врши контрола и поправки на петте „Сухои“ авиони.

— реклама —

Имено, според добиените информации, овие поправки се вршат од страна на украински воени инженери, што индикативно укажува на тоа дека ова се прави за да се достават во Украина, како донација од наша страна, со цел да бидат подготвени за користење на фронтот, вели Левица.

— реклама —

„Она што дополнително е загрижувачки за нашата јавност се ознаките на нацистичкиот баталјон „Азов“, забележани на униформите кои ги носи персоналот што ги подготвува авионите. А, интересно е да се напомене дека и „Сухоите“ беа купени токму од Украина која сега, наводно истите, ќе ги добие назад, иако претходно беа платени.

— реклама —

Во ситуација кога македонското небо е „чувано“ од страна на грчкото воздухопловство, а нашето воздухопловство се наоѓа во материјално незавидна ситуација и скромни капацитети да одговори на било каков евентуален предизвик, ваквиот потег дополнително ја става безбедноста на Република Македонија во уште поранлива позиција.

Со ваквото однесување, Македонија си ја подрива и така лошата меѓународната позиција! Преку директното вмешување во специјалната воена операција во Украина, државата не може да извлече било какви придобивки за македонскиот народ. Со таквиот потег единствено што може да се постигне е ново влошување на односите со Руската Федерација во време на економска и енергетска криза.

Ги повикуваме како Министерството за одбрана, така и Владата на Република Македонија да соопштат на јавноста:

- Постои ли присуство на украински воени лица во македонските бази?

- Дали истите во државата се наоѓаат под симболот на фашистичкиот баталјон „Азов“ и ги подготвуваат „ловците“?

- И дали навистина ќе се потврдат индикациите за вмешување на државата во украинскиот конфликт, што дополнително може да ги загрози националните интереси“, се вели во објавата на Левица.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања