Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Левица: Доколку не биде донесен нов Закон за попис, продолжуваме со кампањата „Не отворам врата“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Popis_2021

Ја известуваме јавноста дека, имаме индиции за „одложувањето“ на донесувањето на нов Закон за попис, дека е намерно издејствувано и договорено, за да може кампањата на нелигитимниот попис сепак да започне. Скандалозната изјава на министерот за правда, Бојан Маричиќ, дека добиените податоци ќе бидат внесени во пописот во октомври, навестува дека владејачката коалиција се обидува да ги спречи сите обиди за усвојување нов закон и методологија и реализирање на пописен фалсификат. Фактот дека на лидерската средба беше одлучено да продолжи пописот во дијаспората, што патем е еден преседан во европската практика, јасно покажува дека обидот за фалсификат е само пролонгиран, се вели во соопштението од Левица.

— реклама —

Во продолжение на истото од партијата додаваат:

Имаме силни сомнежи дека во наредните неколку дена власта, ќе врши тивко попишување, со цел да се одолговлекува процесот на одложувањето на Законот за попис, колку што е можно подолго.

— реклама —

Иако пописот изминатиов период беше целосно делигитимиран, очигледно е дека власта е спремна насилнички и противзаконски да го спроведе. А на ова укажуваат фактите дека:

Македонија е единствена земја каде се попишува дијаспора;

Единствената земја каде граѓани ќе се попишуваат само со давање на ЕМБГ;

Единствената земја каде трети лица можат да даваат лични податоци кои се заштитени со меѓународни конвенции;

Единствената земја каде во законот за попис јасно не се дефинирани документите за индетификација;

Единствена земја каде на една партија (ДУИ) со само 15 пратеници во Собранието и е дадено моќ на ВЕТО;

И на крај, единствена земја каде, членови на Владата, на државна сметка лобираат по други држави за попишувањето само на една етничка заедница!

Народот нема да учествува во овој очигледен криминал и план за етнички инженеринг!

Партијата Левица го повикува народот да пружи пасивен отпор и од денес да им каже големо НЕ на насилничките власти, доколку се дрзнат да го започнат пописот без донесување на нов Закон за попис по сите меѓународни стандарди и со консензус од сите парламентарни партии!

Во спротивно сите заедно сплотени НЕ ОТВОРАМЕ ВРАТА на фингиран попис!

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања